Дома Фудбал Нејмар го прекина молкот по шпекулациите дека се враќа во Барселона

Нејмар го прекина молкот по шпекулациите дека се враќа во Барселона

Во фудбалската јавност во последната недела се шири шпекулација дека Нејмар би можел летово да се врати во Барселона и дека тоа е неговата најголема желба. За тоа синоќа говореше спортскиот директор на Барселона, Деко, кој објасни каква е ситуацијата кога станува збор за Нејмар.

Нејмар кон крајот на јануари се врати во Сантос откако го раскина договорот со Ал-Хилал по заборавната авантура што ја имаше во Саудиска Арабија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Ал-Хилал за 18 месеци одигра само седум натпревари, но враќањето во Сантос се покажа како одличен потег. Нејмар полека се враќа во старата форма и веќе одигра неколку одлични натпревари во дресот на бразилскиот клуб.

Пред десетина дена се појави информација дека Нејмар летово повторно ќе го промени клубот и дека најголема желба му е да се врати во Барселона, каде што играше најдобар фудбал во неговата досегашна кариера.

Барселона би можела да го донесе без компензација бидејќи му истекува договорот, но прашање е дали Нејмар навистина им е потребен на каталонците.

Сепак, Деко одлучи да „запре со шпекулации“ и јасно порача дека тоа воопшто не е приоритет на Барселона и дека многу работи треба да се совпаднат за тоа летово навистина да се случи.

„Видете, јас го сакам Нејмар, го сметам за еден од најдобрите фудбалери во последните 10-20 години, феноменален е и одличен фудбалер. Меѓутоа, некои приказни не се повторуваат на ист начин. Тој беше одличен во Барселона, освои многу трофеи и играше одлично. Секако постои теоретска можност да се врати, но сметам дека ова не е добар момент да се говори за неговото враќање во Барселона. Верувам дека и самиот Нејмар не размислува за тоа. Неговиот потенцијално враќање не е само прашање на финансии. Најважно е што Нејмар сега повторно е среќен и повторно ужива во фудбалот”, рече Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…