Дома Фудбал Нејмар се враќа по 17 месеци во бразилската репрезентација

Нејмар се враќа по 17 месеци во бразилската репрезентација

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го претстави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари.

Составот на Бразил ќе биде исклучително силен во следниот собир, каде главни имиња ќе бидат Винисиус Жуниор, Родриго, Рафиња, а по пауза од 17 месеци се враќа и Нејмар.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, ќе се соочат со Колумбија и Аргентина. Вториот натпревар ќе биде можност за пресметка меѓу Нејмар и Лионел Меси.

Во досегашните 12 натпревари, Бразил освои 18 бодови, Колумбија има 19 бодови, додека врвот го држи Аргентина со 25 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го „копираше“ градскиот ривал и победи против Монца иако губеше 2:0 (Видео)

Фудбалерите на Интер во 28. коло од Серија А ја победија Монца со резултат 3:2 иако во 44.…