Дома Фудбал Навивачите на Шкупи незадоволни од раководството!

Навивачите на Шкупи незадоволни од раководството!

Eкипата на Шкупи ова лето доведе неколку засилувања, но тоа беа фудбалери од нисколигашки екипи, па навивачите изразија незадоволство.

Преку социјалните мрежи популарните „Шверцери“ жестоко реагираа кон сопственикот кој го презема клубот во текот на минатата сезона порачувајќи дека не ги исполни ветувањата.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во продолжение нивната реакција:

„До претседателот на ФК Шкупи, Јасин Конјали:

Кога дојде во клубот ни вети големи работи, на нам навивачите кои верувавме во тебе. Набргу видовме дека тоа беа празни зборови без подлога, само лаги и измама.

По разговор со навивачката група, вети јавно дека ќе ги покрие долговите. Дури и кога сите свртеа грб, ние бевме тука. Сепак, времето покажа дека ти си уште еден човек со празни муабети, без капацитет да водиш клуб со традиција како Шкупи. Почна да го уништуваш клубот одвнатре. Почна да уништуваш луѓе од Неџипи до Хамза Рамани. Ги натера да заминат поради лагите зад сцените. Сега имаш директор кој неколку турски клубови ги остави во долгови, а го доведе за да „нè спаси“.

Што ќе биде сега? Ниту тренерите, ниту играчите не гледаат светла иднина. Страв им е од сите лаги поради хаосот кој го креираше.

Многу добро знаеш, Шкупи не е твој, туку наш – на „Шверцери“, на Чаир и на сите кои беа тука во дождот, снегот и огнот. Ако немаш респект кон клупското лого, историјата и сите кои го сакаат, замини си додека не сме те напуштиле ние“, опоменаа од наавивачката група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…