
Барселона вечерва ќе го дочека ПСЖ на свој терен во дербито од второто коло на Лигата на шампионите, а овој натпревар на Монжуик ќе го проследи и човекот кого навивачите на каталонскиот клуб го сметаат за “вечен непријател број еден”.
Многумина минатата сезона се надеваа на финален меч помеѓу Барселона и ПСЖ во Лигата на шампионите, бидејќи двата тима покажаа неверојатна форма, но Интер ги поремети нивните планови откако ги исфрли Каталонците во полуфиналето.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Сепак, вечерва на Монжуик ќе станеме сведоци на дуелот на Барселона против ПСЖ и нема сомнеж дека нè очекува спектакуларен натпревар.
Ханси Флик и Луис Енрике се приврзани кон офанзивната игра, што е причина зошто се очекува многу голови, а единствено што се жали е дека Барса и ПСЖ немаат можност да настапат со своите најсилни состави поради повредите кои ги мачат нивните играчи.
Покрај она што ќе се случува на теренот, Монжуик ќе биде под лупа и поради атмосферата на трибините, бидејќи е потврдено дека овој натпревар во живо ќе го следи и “непријателот број еден” на навивачите на каталонскиот клуб.
Станува збор за Луис Фиго, кој потврди дека вечерва ќе биде присутен на Монжуик и нема сомнеж дека легендарниот Португалец ќе биде дочекан со бурни свирежи од трибините.
Тоа се должи на настаните од пред 25 години кога Фиго изврши предавство кое никогаш нема да му биде простено од навивачите на Барселона, откако од каталонскиот клуб премина во редовите на нивниот најголем ривал, Реал Мадрид.
Трансферот го обележа целиот период, особено првото враќање на Фиго во Барселона кога на Камп Ноу искуси пекол и самиот изјави дека односот со Каталонците е нарушен засекогаш.
🔥 Луис Фиго се враќа на Монтжуик како амбасадор на УЕФА: спомените за неговото ‘предавство’ сè уште се свежи. https://t.co/nKzoAojQAM
— MARCA (@marca) 1 октомври, 2025