Дома Фудбал Репрезентации Натпревар со неверојатни безбедносни мерки: Франција во „бункер“ ќе го пречека Израел

Натпревар со неверојатни безбедносни мерки: Франција во „бункер“ ќе го пречека Израел

Натпревар од висок ризик и дуел од кој стравува Европа ќе се одигра вечерва на стадионот „Сент Дени“ во Париз, а тоа е пресметката меѓу Франција и Израел во петтото коло од Лигата на нации.

По неодамнешните немири во кои дојде до тепачка на мечот во Амстердам меѓу локалните жители и гостинските навивачи на Макаби Тел Авив, Французите вечерва ќе го пречекаат Израел под посебна грижа и невидени безбедносни мерки.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Организаторите на натпреварот можеа да го направат тоа без присуство на гостински навивачи, со што ќе се намалат шансите за можни нереди, но решија да дозволат мала група Израелци да биде присутна на трибините. Според последните информации, на „Сент Дени“ ќе има приближно 200 израелски навивачи.

За разлика од тоа, натпреварот ќе го обезбедуваат неверојатни 4.000 полицајци. Припадниците на полицијата и жандармеријата не само што ќе ги обезбедуваат гостинските навивачи во транспортот и околу стадионот, туку ќе бидат присутни и внатре во објектот.

Работите се подигнати на невидено ниво на безбедност, па стадионот „Сен Дени“ ќе биде претворен во вистински бункер, се за да се спречат можни напади врз Израелците. Французите дури се согласија да го намалат бројот на гледачи и на трибините ќе има помалку од 20.000 навивачи, што е за толку голем стадион (капацитет 80.000 седишта).

Како што пренесува најугледниот италијански весник Газета дело Спорт, Французите се согласиле да загубат милиони за да го организираат овој натпревар. „Газета“ наведува дека загубите на Французите ќе бидат 3,5 милиони евра, што се пари што ќе ги издвои Француската фудбалска федерација (ФФФ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим не најде лек за „топџиите“, Арсенал лесно до победа🎥

Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2-0 во дерби дуелот на „Емирати“ и така се доближи…