Дома Фудбал Наполи остана без најголемата ѕвезда цел месец

Наполи остана без најголемата ѕвезда цел месец

Тимот на Наполи, кој моментално е второпласиран во италијанското фудбалско првенство, во наредниот месец ќе биде без грузискиот офанзивец Квича Кварацхелија поради повреда на десното колено кое го заработи во неделниот пораз од Лацио со 0-1.

Наполи не го објави точниот датум за негово враќање, но сигурно нема да биде на теренот до крајот на 2024 година и во првите денови на 2025 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Грузиецот годинава има три гола и пет асистенции во 17 натпревари за Наполи. Кварацхелија пристигна во клубот во сезоната 2022/23 и беше еден од најзаслужните за освоената титула во таа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…