Дома Фудбал Напната атмосфера во Каталонија: Барселона во трка со времето поради Олмо

Напната атмосфера во Каталонија: Барселона во трка со времето поради Олмо

Дани Олмо (26) летово се врати во Барселона откако клубот го купи од Лајпциг за 55 милиони евра. Меѓутоа, Барселона и Олмо имаат големи проблеми. Играчот кој има 15 настапи и шест голови за Барселона има потешкотии со регистрацијата за следната година. Неизвесна е неговата регистрација од 1 јануари поради прекршување на одредбите за финансискиот фер-плеј на Барса.

Олмо во договорот има клаузула дека може да си замине од клубот на 1 јануари ако не биде регистриран, но неговата иднина во Барселона сè уште не е сосема позната. Клубот пронајде начин како да ги обезбеди потребните средства и го уверуваат дека ќе го регистрираат не само до крајот на следната сезона или година, туку до крајот на неговиот договор, т.е. до летото 2030, за да избегнат непријатни изненадувања како ова сега. Планот на Барселона е продажба на ВИП ложи на новиот „Камп Ноу“, односно долгорочна продажба на места во ложата. За овие места постои долга листа на заинтересирани богати луѓе, не само од Шпанија, туку и од целиот свет. Со оваа акција, клубот треба да обезбеди приход од 120 милиони евра.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Претседателот на клубот Жоан Лапорта во неделата наутро се врати од Дубаи, каде што бил во потрага по купувачи за споменатите ВИП места. За време на престојот во Дубаи, бил толку зафатен со преговори што не присуствувал ни на гала вечерта на „Глоуб Сокер“.

Заинтересирани купувачи не недостасуваат, но прашање е дали Барселона ќе ги изведе сите трансакции навреме. Олмо мора да биде регистриран до 31 декември во 23 часот, 59 минути и 59 секунди.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал подготви 60 милиони евра за најскапиот трансфер зимава

Со почетокот на годината започна зимскиот трансфер период, а изгледа дека најскапиот транс…