
Канадската тенисерка Ежени Бушар објави дека ќе ја заврши својата кариера на 31 година.
Со години Бушар се смета за една од најатрактивните тенисерки во светот, а последните неколку години повеќе е посветена на манекенството отколку на спортот.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Во 2024 година учествуваше само на четири натпревари, а оваа сезона само на еден, така што нејзината одлука за завршување на кариерата беше само прашање на време.
Bouchard одлучи својот последен настап во професионалниот тенис да го има во родниот Монтреал, каде што од 27 јули до 7 август ќе се одржи турнир од серијата WTA 1.000.
“Кога знаеш дека е вистинското време, за мене тоа е сега. Да завршам каде се почна: Монтреал”, напиша Бушар до фотографија од детството, кога ги започна своите први чекори во тенисот.
Покрај манекенството, Бушар ќе продолжи да биде активна во спортот, бидејќи потпиша значителен договор со Професионалната асоцијација за пиклебол (PPA).
Пиклебол е спорт кој комбинира елементи од тенис и пинг-понг, и без сомнение, таа ќе привлекува големо внимание на овие терени.