Дома Фудбал Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави дека го истражува проблемот во дизајнот на дресовите кои ова лето ќе ги носат репрезентациите на Светското првенство во фудбал, за кои оваа компанија е спонзор на опрема.

Од селекциите кои ќе учествуваат на Светското првенство, Најк ги „облекува“ Англија, Франција, Уругвај, САД, Канада, Турција, Австралија, Хрватска, Јужна Кореја, Холандија и Норвешка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неколку репрезентации веќе ги носеа дресовите на пријателските натпревари во март, кои ќе ги носат и на Светското првенство, а особено на дресовите на Англија, Франција и Уругвај се видело тоа што Најк сега планира да го поправи – шевот на рамената, кој се истакнувал и со боја.

„За време на претходната репрезентативна пауза забележавме помал проблем на нашите дресови за репрезадации, кој најсилно се забележува на шевот на ракавите.

Се испостави дека грешката се појавила и на дресовите кои се наменети за фудбалерите, но и на онаа поевтина варијанта наменета за навивачите. Очекувано, навивачите се лути бидејќи голем број од нив веќе ги купиле новите комплети.

За пример, Најк во Обединетото Кралство дресот на Англија (match shirt) го продава за 134.99 фунти, а дресот за навивачи (stadium shirt) за 89.99 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид повторно направи кикс и титулата веќе е сон

Реал Мадрид направи нов кикс и заврши 1:1 со Џирона во натпреварот од 31-то специјално рет…