Дома Останати Кошарка Најголемата ѕвезда на Бостон ќе паузира цела година поради страшна повреда!?

Најголемата ѕвезда на Бостон ќе паузира цела година поради страшна повреда!?

Најголемата ѕвезда на ланскиот шампион на НБА лигата, Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум се здоби со непријатна повреда и во количка ја напушти салата. Дојдоа првите неофицијални информации за неговата состојба.

Тажна е судбината на Бостон Селтикс оваа сезона. Освен тешкиот пораз во четвртиот натпревар на плејоф серијата против Њујорк Никс, го загубија и најдобриот кошаркар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во синоќешниот натпревар, Никс славеа со 121:113, но Бостон за време на натпреварот остана без Тејтум кој играше феноменален натпревар.

До моментот кога се повреди, Тејтум имаше 42 поени, осум скокови, четири асистенции и четири украдени топки, како и две блокади.

Според неофицијалните информации и пишување на американските медиуми, најмногу се сомнева на повреда на ахиловата тетива.

Страшната повреда за повеќето кошаркари е скоро правило да ги остави надвор од теренот во наредните година дена.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кога ова ќе го каже Леброн Џејмс, тогаш е навистина важно: Новата изјава за Лука Дончиќ стана вирална

Леброн Џејмс го заврши својот прв натпревар во сезоната со 11 поени и 12 асистенции во прв…