Дома Фудбал На трибините во полуфиналето од Лигата на шампионите се појави и фудбалерот кој рано се пензионираше

На трибините во полуфиналето од Лигата на шампионите се појави и фудбалерот кој рано се пензионираше

ПСЖ синоќа во Лондон го совлада Арсенал со 1:0 и со тоа направи голем чекор кон пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Голот за победа го постигна Усман Дембеле во 4. минута од натпреварот, а ПСЖ до крајот на натпреварот пропушти неколку шанси да стигне до поубедлива победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На „Емирати“т, ПСЖ го бодреа голем број навивачи, а меѓу нив беше забележан и Хавиер Пасторе.

Поранешниот аргентински фудбалер играше за ПСЖ од 2011 до 2018 година и остави длабока трага во клубот од Париз, а беше еден од клучните играчи кои учествуваа во неговиот вртоглав развој.

Пасторе рано се прости од фудбалот, а денес има 35 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хојлунд: Имам почит за ривалот, но Македонија не е Франција или Германија!

Данскиот напаѓач Расмус Хојлунд во интервју за телевизијата „ТВ2“ кажа дека имаат златна ш…