Дома Фудбал На повидок нова лудост на ФИФА: Мундијал со 64 репрезентации!?

На повидок нова лудост на ФИФА: Мундијал со 64 репрезентации!?

Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (CONMEBOL), Алехандро Домингез, предложи Светското првенство 2030 година да се прошири на 64 екипи.

Предлогот беше првпат претставен минатиот месец од делегат од Уругвај, за време на онлајн состанок на Меѓународната фудбалска федерација (FIFA).

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Убедени сме дека прославата на столетието ќе биде уникатна, бидејќи само еднаш се слават 100 години“, рече Домингез за време на воведниот говор на 80-тиот редовен конгрес на CONMEBOL.

Мундијалот 2030 година ќе го организираат шест земји на три континенти. Уругвај беше првиот домаќин во 1930 година и ќе организира еден натпревар, а домаќини ќе бидат и Парагвај, Аргентина, Шпанија, Португалија и Мароко.

„Затоа предлагаме оваа годишнина да се одбележи со 64 екипи, истовремено на три континенти“, додаде Домингез.

На Мундијалот во Катар 2022 година се натпреваруваа 32 екипи, а на претстојниот во САД, Мексико и Канада идното лето ќе играат 48 репрезентации.

Со проширување на форматот на 64 екипи, сите десет членови на CONMEBOL ќе се квалификуваат на турнирот. Единствено Венецуела досега никогаш не се квалификувала на Светското првенство.

„Ова ќе овозможи на сите земји да добијат шанса да искусат светско искуство и никој на планетата да не биде изоставен од забавата“, истакна Домингез.

Доколку FIFA го одобри предлогот, на турнирот ќе се одиграат 128 натпревари. Претседателот на Европската фудбалска унија (UEFA), Александер Чеферин, изјави дека Светското првенство со 64 екипи е лоша идеја.

Критичарите на форматот со 64 екипи тврдат дека тоа ќе ја ослаби квалитетот на играта и квалификациската програма на повеќето континенти.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не им оди ниту со Нејмар: Сантос го отпушти тренерот

Нејмар и друштвото наскоро ќе добијат нов шеф на стручниот штаб. Бразилскиот гигант Сантос…