
Горан Шашиќ, извршен директор на тренерскиот борд на Евролигата, зборуваше за можноста за враќање на руските клубови во елитното европско натпреварување.
Од моментот кога започна војната меѓу Украина и Русија и кога руските клубови беа исклучени од Евролигата, се поставува прашањето кога ќе се вратат во елитното натпреварување.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Постојат некои навестувања и мали чекори кон смирување на ситуацијата на фронтот и завршување на војната меѓу двете земји, а доколку се случи тоа Шашиќ смета дека сè ќе биде подготвено за враќање на руските тимови во Евролигата.
„Кога беа суспендирани руските клубови и беше прашано колку ќе трае тоа, одговорив дека ќе биде ист случај како со Југославија. Во последните 48 часа видовме големи промени во геополитиката“, истакна Шашиќ за TASS.
Извршниот директор смета дека токму поради тоа започна разгледувањето на проширувањето на Евролигата.
„Ако забележавте, Евролигата најави проширување на 20 клубови. Сега јас ве прашувам – зошто се провлекува тоа прашање? Сега има 18 тимови, наликува на два кои да се вратат од Русија. Сметам дека руските тимови ќе се вратат наскоро“, смета Шашиќ.