Дома Останати Кошарка Опсадна состојба во Евролигата, НБА Европа започнува во 2027 година

Опсадна состојба во Евролигата, НБА Европа започнува во 2027 година

По три дена интензивни разговори во Барселона и Женева, потврдено е она за што долго се зборува – европската кошарка оди кон голема трансформација, а НБА има конкретен план и практично знае кога ќе го лансира проектот „Европа“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Порталот „Еурохупс“, повикувајќи се на свои извори, ги цитира зборовите на Џорџ Ајвазоглу, извршен директор на НБА Европа и Блискиот Исток, и тврди дека на евролигашките клубови јасно им било предочено:

– новата лига под покровителство на НБА почнува на почетокот на сезоната 2027/28;

– Лигата ќе вклучува 16 екипи – 12 со долгорочни договори, додека четири места ќе бидат отворени за квалификации секоја година;

Оваа вест не е изненадување, но сега е јасно дека не сите актуелни членови на Евролигата ќе имаат загарантирано место во новото натпреварување. Исто така, сегашниот статус на акционерите на Евролигата нема автоматски да важи и во новиот систем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално: Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Богдан Богдановиќ е нов член на Хјустон Рокетс. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026…