
Синот на Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието откако за време на еден стрим му беше кажано дека Ламин Јамал е подобар играч од неговиот татко, но Кристијано Жуниор имаше што да каже на таа тема.
Дискусијата за тоа кој ќе го освои „Златната топка“ повторно се разгоре откако Усман Дембеле не успеа со ПСЖ да го освои трофејот на Светското клупско првенство.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Поради тоа многумина веруваат дека Ламин Јамал сè уште има можност да ја добие „Златната топка“ за изминатата сезона во која со Барселона триумфираше на шпански терен.
Во една стрим сесија, каде што гостуваше Кристијано Жуниор, централна тема беше токму Јамал, но очигледно не можеше да се избегне и спомнување на неговиот татко.
„Кој ти е омилен фудбалер?“, го прашаа Кристијано Жуниор, а тој веднаш одговори: „Роналдо“.
Еден од стримерите изјави дека смета дека Ламин Јамал е подобар играч од Роналдо, и дека се восхитува на тоа што играчот на Барселона го постигнал и покрај тоа што штотуку стана полнолетен.
Синот на Роналдо ги сослуша нивните зборови и почна да клима со главата, но во една реченица објасни зошто не може да се зборува дека Јамал е подобар од неговиот татко и дека во моментов нивните кариери не можат да се споредуваат.
„Сега? ОК, но Ламин сè уште ништо не освоил. Тој е многу добар, но ништо не освоил“, изјави Кристијано Жуниор.
🚨”Lamine Yamal is better than Cristiano Ronaldo.”
— The Screenshot Lad (@thescreenlad) July 14, 2025
🎙️ Cristiano Jr.: “Right now? Yeah, Lamine is good, but he hasn’t won anything yet.”
pic.twitter.com/SlM3bh6BNF
Таа изјава веднаш предизвика бура од коментари, особено од навивачите на Барселона, кои тврдеа дека Јамал има освоено неколку титули и дека статистиката му е значително подобра отколку што била Роналдовата на негови години.
Меѓутоа, кога станува збор за трофеи, било тимски или индивидуални, тоа е јасно дека Јамал засега не може да се споредува ниту со Роналдо, ниту со Лионел Меси.