
Кошаркарите на Далас Маверикс синоќа загубија од Сакраменто Кингз со резултат од 122:98, а лошите вести за тимот од Тексас продолжуваат бидејќи се повреди Кајри Ирвинг.
Тој одигра само 9 минути и во првата четвртина запиша 7 поени, 1 скок и една асистенција (со 2/4 од игра), а кога се повреди, стана јасно дека нема да може да продолжи. Со тоа, со еден потег воодушеви сите во салата.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Ирвинг како и покојниот Коби Брајант со помош на персоналот беше донесен до линијата за слободни фрлања.
По натпреварот, Далас Маверикс не дадоа конкретни информации за сериозноста на повредата на Ирвинг.
“Само лоша среќа,” рече тренерот Џејсон Кид. “Се надевам дека не е сериозно и дека ќе биде добро.”
По повредата, Ирвинг неколку минути лежеше на паркетот држејќи ја ногата. Меѓу оние кои му помогнаа да оди во соблекувалната беше и повредениот Ентони Дејвис.
Сепак, пред да го напушти теренот, Ирвинг реши да се врати и да изведе слободни фрлања. Ги погоди двата, намалувајќи ја предноста на Кингз на 23:18, по што со помош на персоналот замина во тунелот.
Момент на вистинска одлучност за Кајри Ирвинг.
— NBA (@NBA) 4 Март 2025
По повредата, Кајри беше донесен до линијата за да ги изведе слободните фрлања пред да го напушти натпреварот.
Ги погоди двата. 👏👏 pic.twitter.com/hJDDRTDLg7