![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-05-150400-850x491.jpg)
Фудбалерите на Барселона утре играат на гости против Валенсија во четвртфиналето на Купот на кралот, а Ханзи Флик денес одржа прес-конференција на која зборуваше за многу теми.
Барселона во последно време успеа да излезе од резултатската криза во Ла Лига, а целта на Флик е неговиот тим да продолжи со истата форма и во другите натпреварувања.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Веќе утре Барселона ќе има шанса да го добие полуфиналето на Купот на кралот, но тоа нема да биде толку лесно бидејќи ги очекува секогаш непријатното гостување на Месталја.
“Утре нè чека натпревар, па во недела друг. Утре ќе се вратиме дома доцна бидејќи натпреварот со Валенсија е закажан од 21:30. Во Барселона ќе бидеме меѓу 03:00 и 04:00 часот наутро. Потребни ми се сите играчи здрави и подготвени за игра”, рече Флик и продолжи.
“Многу добро се сеќавам на нашата прва пресметка со Валенсија. Игравме на нивниот стадион, атмосферата беше напната и одлична. Успеавме да победиме, но само по пресврт. Утре не можеме да освоиме титула, но можеме да останеме без неа. Не сакаме да го дозволиме тоа, така што ќе дадеме сè од себе да победиме”.
Еден од новинарите го праша кој ќе игра во средината на теренот, бидејќи Касадо и Де Јонг станаа сериозна конкуренција. Но, тоа прашање не му се допадна баш на германскиот тренер.
“Постојано ги споредувате играчите и тоа воопшто не ми се допаѓа. Сакам да ги имам сите на располагање и тоа е единствено правилно размислување во таа ситуација. И Френки и Марк се одлични, така што не е важно кого ќе изберам”, порача тој.
🚨🗣️ Ханзи Флик: “Жалбите на Мадрид за судењето? Не сакам да гледам ништо од тоа. Тоа е нивниот избор, тие го направија така. Не е наш начин на гледање на нештата, јас не би го направил тоа така. Тие имаат свои причини.” pic.twitter.com/wMQPt9CUp7
— Managing Barça (@ManagingBarca) February 5, 2025