Дома Фудбал На „Енфилд“ му е „забранет влез“ поради Жота, а тој првпат се изјасни: „Сето ова е толку сурово“

На „Енфилд“ му е „забранет влез“ поради Жота, а тој првпат се изјасни: „Сето ова е толку сурово“

Луис Дијаз во дебито за Баерн успеа да се запише на листата стрелци, а голот го прослави во стилот на Диого Жота. Колумбиецот поради Жота беше на жестока мета на критики и сега за првпат одлучи да зборува на таа тема.

Дијаз беше жестоко критикуван од навивачите на Ливерпул и многумина сметаат дека тоа беше и главната причина што на крајот клубот толку лесно одлучи да го пушти да оди во Баерн.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓутоа, откако својот дебитантски погодок во дресот на Баерн го посвети на Жота, тој и за првпат зборуваше за трагичната смрт на португалскиот репрезентативец што пред скоро два месеци ја потресе јавноста.

Дијаз истакна дека сѐ уште е во шок од она што му се случи на Жота и на неговиот брат и никако не може да прифати дека тие повеќе не се меѓу нас.

„Сето ова е толку сурово… Фактот дека повеќе не е со нас и дека изгубивме неверојатен соиграч е нешто во кое сѐ уште не можам да верувам. Никој од нас не беше подготвен да добие такви вести. Тој беше навистина одличен соиграч кон мене“, рече Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ ПЛАТИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА И ГО НАПРАВИ РЕЗЕРВА. СЕГА Е ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ

ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПСЖ станаа победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Во финалето одржа…