
Патот на еден фудбалер до врвот не е секогаш лесен. Многина не успеваат да го влезат во првиот тим преку младинската школа на клубовите и тоа често бара многу труд и одрекувања за да се достигне слава.
Токму таков пример е Антоан Семењо, фудбалерот кој оваа сезона е извонреден во тимот на Борнмут, освојувајќи ги срцата на навивачите низ Англија и моментално е во центарот на вниманието.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Без брзи патеки до успехот, Семењо денес е мета на најголемите англиски клубови како Арсенал, Ливерпул, и Манчестер Јунајтед. Од недела во недела, неговите маестрални настапи фрапираат фанови низ целата земја.
Но, не е секогаш било така за Семењо. Порано играч за тимови како Бат Сити и Њупорт Каунти, неговиот пат може да се опише како од дното до врвот. Над се’, тој дури на кратко ја напушти играта.
Во тинејџерските денови, кога имал само 15 години, бил одбиен во академијата на Кристал Палас сметајќи го за недоволно талентиран.
Семањо не успеа да се наметне ниту во клубовите како Арсенал, Тотенхем, Челси, Фулам, Чарлтон и Милвол, каде што бил одбиен пет пати.
Разочарувањето од Палас беше пресвртницата за младото момче родено во Лондон, кое реши да стави пауза на фудбалот на цела година.
Неговиот камбек се случи кога доби покана за отворено пробно натпреварување во Бишам Абеи, и токму тоа го смени текот на неговата кариера.
Таму запознава Дејв Хокадеј (поранешен менаџер на Форест Грин и Лидс Јунајтед), кој го убедува да продолжи образование во Свиндон и по тоа го придружува до Бристол Сити. Во интервју Семењо за YouTube каналот Earn Your Stripes рече:
“Бев исчезнат од радарот. Моите пријатели не знаеја дека се преселив. Јас знаев дека сакам да бидам фудбалер, па затоа бев подготвен да се жртвувам и да бидам далеку од пријателите”.
Позајмен во Бат Сити, а потоа и во Њупорт, Семењо блесна под водство на Мајкл Флин.
“Го гледав сепак кратко, со само 18 години и тоа беше доволно. Силен, брз, способност да игра со двете нозе – левата и десната. Можеше да трча по страничната линија или да продира централно, со многу снага. Обидите на противниците да го задржат беа неуспешни”, го раскажа Флин.
По успешната полусезона во Њупорт, шест голови и две асистенции, Бристол го купува Семењо, иако интерес покажаа и Челси. Неговата магија продолжува во Премиер лигата.
Во 2023 година Борнмут ги откупи неговите услуги за 10 милиони евра, а сега неговата вредност достигна скоро 90 милиони евра.
Минатата сезона Семењо постигна 11 голови и имаше шест асистенции во Премиер лигата, а годинава веќе има шест голови во седум натпревари и три асистенции.
Само Ерлинг Халанд постигна повеќе голови од него, а многу го сметаат за најдобриот во лигата. Нема сомнение дека продолжува вака, пред него е трансфер во кариерата.
Се шпекулира за интересот на најголемите клубови во Англија и без сомнение таму ќе го видиме младот талент од Гана.