Дома Останати Тенис На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило седум години

На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило седум години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не ја завршил годината на волку лоша позиција уште од 2017 година.

По завршувањето на финалниот турнир во Торино беше објавена нова АТП ранг листа. Синер со освојувањето на уште една титула ја потврди позиција, додека Ѓоковиќ годината ја завршува како седми со 3.910 бодови.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Полош ранкинг Новак последен пат имал во 2017 година кога го освои 12. место.

Таа година Ѓоковиќ се мачеше со лактот кој во тој момент не сакаше да го оперира, па беше поразен во второто коло на Австралија Опен, четвртфиналето на Ролан Гарос и четвртфиналето на Вимблдон каде што го предаде мечот поради споменатиот проблем.

Потоа ја заврши сезоната и го пропушти УС Опен, а се врати на терен во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Откриено кој ќе биде гостинот на Роналдо што ќе го „сруши интернетот“

На својот јутјуб канал Кристијано Роналдо објави ново видео во кое најави дека неговиот сл…