Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Кипар.
Имено, Кипар кој е еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува Везенков во своите редови. Минатата сезона овој кошаркар настапуваше во редовите на Сакраменто од каде што пристигна во Олимпијакос каде што одлично се снајде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Кипар сакаат одлично да се претстават на домашен терен и претходно го обезбеди Мозес Рајт кој исто така настапува за Олимпијакос. Везенков веќе го носеше дресот на Бугарија, но според правилникот на ФИБА има можност да ја промени земјата.
ФИБА дозволува промена на репрезентациите во одредени случаи во кои ќе процени дека со преселбата во новата репрезентација кошаркарот може да придонесе за развојот на кошарката во таа земја.