Дома Фудбал Италија Mихајловиќ пред Јувентус: Сонував како Дибала на 0:0 се спрема да изведе пенал

Mихајловиќ пред Јувентус: Сонував како Дибала на 0:0 се спрема да изведе пенал

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ на денешната прес-конференција зборуваше за утрешниот натпревар против Јувентус кој за „старата дама“ е од огромна важност.

Болоња со евентуална победа би можела да се најде некое место погоре, а тоа може да значи поголема заработка. За Јувентус од друга страна овој натпревар е многу поважен, „старата дама“ ако не победи нема да игра наредната сезона во Лигата на шампионите. Јувентус и во случај на победа мора да чека кикс на Милан или Наполи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стратегот на Болоња Синиша Михајловиќ е убеден дека овој натпревар ќе биде најгледан за викендот.

„Ова ќе биде најгледаниот натпревар викендов. Тие доаѓаат тука и имаат големи шанси. Во последните натпревари успеваа добро да се снајдат и го засилија интезитетот. Ќе биде ова напорен натпревар…Вчера бев на преглед во болница и мораа да се заспијат. Ме разбудија во моментот кога сонував како Дибала на 0:0 се спрема да изведе пенал. Се разбудив и не го видов исходот“, изјави Михајловиќ.

Токму Михајловиќ медиумите го посочуваа како можен наследник на Андреа Пирло ако Италијанецот добие отказ на крајот од сезоната, меѓутоа Михаловиќ не откри ништо околу тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…