Дома Фудбал Италија Mилан е тимот со најмногу досудени пенали во Европа

Mилан е тимот со најмногу досудени пенали во Европа

Милан во саботата ја победи Болоња со 2:1 и така го задржа првото место на табелата во Серија А.

После 20 одиграни кола тимот на Пиоли и понатаму е на првото место со два бода предност пред градскиот ривал Интер и дури седум повеќе од Јувентус кој има натпревар помалку со Наполи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Против Болоња Милан поведе со голот на Анте Ребиќ кој погоди откако Златан Ибрахимовиќ промаши пенал, а на 2:0 зголеми Кеси од уште еден пенал. Голот за домаќините беше дело на Поли на десетина минути пред крајот на натпреварот.

Тоа беа 13. и 14. пенал кој е досуден за Милан оваа сезона и во тој сегмент „росонерите“ немаат конкуренција во Серија А. На второто место во Италија се Сасуоло, Рома и Јувентус кои имаат добиено по пет пенали. Интер доби четири како и Лацио.

Кога во прашање се најсилните пет првенства ситуацијата е нешто по неизвесна. По десет пенали е досудено за Лестер и Стразбур, а по осум добија Мец и Лион.

„Под знак прашалник е пеналот само против Рома, но кај останатите немаше никакви дилеми. Зошто Милан добива толку многу пенал. Многу е едноставно – поради стилот на игра. Милан има страшно брзи и технички играчи и многу од нив влегуваат во завршницата. Често влегуваат во шеснаесетникот и на тој начин изнудваат прекршоци“, објаснува „Газета дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…