Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и столчето на тренерот Стефано Пиоли.
Италијанскиот стратег пред две сезони го донесе Скудетото за „росонерите“, меѓутоа сезонава не му оди како што се очекуваше. Одредени италијански медиуми пренесуваат дека Пиоли добил ултиматум.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, Пиоли ќе мора да победи во следните два натпревари против Сасуоло денес и Емполи во следното коло. Се шпекулираше дека опција за привремено решение е Игнасио Абате кој тренер на примавера тимот.
Најголема желба на раководството наводно е Оливер Гласнер, Австриецот кој со Ајнтрахт ја освои Лигата на Европа и во овој момент е без ангажман.