Килијан Мбапе викендов стави крај на сагата околу неговата иднина и иако претходно изгледаше како трансферот во Реал да е завршен, сепак остана во Париз.
Мбапе сега испрати порака преку социјалните мрежи во која призна дека преговарал со „кралевите“, но на крајот ја избрал понудата на парижаните. Деталите од договорот кој има важност до 2025 година се уште не се познати во јавноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум затоа што ме сакаше таков голем клуб. Го разбирам вашето разочаррување, ќе бидам навивач на Реал во финалето на Лига на шампиони, во Париз, мојот дом. Многу сум среќен што ќе останав во Франција, земја во која се родив, пораснав и остварив успеси.
Убеден сум дека можам да се развивам и сакам да му се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи за довербата и трпението. Исто така, благодарност до навивачите на ПСЖ и сите во Франција. Уште од мал, наместо да сонувам во животот, сакав да ги остварам соништата. Се трудам да одам напред, од предизвик до предизвик. Си градам пат кон врвот, без разлика каков е“, гласи пораката на францускиот напаѓач.
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 22, 2022