Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ ова лето скоро сигурно ќе го напушти Јувентус. Доаѓањето на новиот тренер не донесе добри вести за Хрватот.
Манџукиќ не се вклопува во тактичките замисли на Сари и после четири години ќе ја напушти „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ наведува дека се е решено. Сари не е за заминување на Манџукиќ, но не му гарантира место во стартниот тим.
Така Манџукиќ би се преселил на клупата, меѓутоа тоа не му одговара и затоа многу веројатно ќе ја промени средината.
Во исто време се појавија гласини дека кариерата ќе ја продолжи во Германија, поточно во Борусија Дортмунд.
Бундес лигата е добро познато место за Манџукиќ затоа што таму настапуваше за Волфсбург и Баерн Минхен.
Договорот на Манџукиќ со Јувентус има важност до летото 2021 година.