
Поранешниот фудбалер од Челси и репрезентативец на Англија, Џо Кол, открива како Португалецот ја „воспитувал“ екипата по поразот од Барселона во 2005 година.
Годината е 2005. Стадион Камп Ноу. Челси загуби од Барселона 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „Сините“, влетува во соблекувалната и го искажа сето што му беше на душата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ова го открива Џо Кол во својата автобиографија: „Играч за луксузни околности“:
„Вашиот прв голем тест како тим – и паднавте. Дојдовте на Камп Ноу и се скривте. Кукавици. Нула храброст!,” Мурињо не штедеше никого, ниту Петр Чех, ниту Џон Тери, ниту Френк Лампард.
„Им рече дека ги изеле Ето и Деко. Пцуеше на совршен англиски: ‘Проклети безобразници! Немате м*да!’ Сево тоа го кажа со бес, презир и разочарување. Како сите да чекавме егзекуција. Само мислев: ‘Дава на секого по 20 секунди. Кога ќе стигне до мене, ќе се срушам како покосен’.”