
Кристенсен оваа сезона мака мачи со повредите, а токму кога почна да игра и да влегува во ритам пак се повреди.
Данскиот репрезентативец се повреди на последниот тренинг пред натпреварот со Виљареал кој Барселона го играше минатиот викенд.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од клубот соопштија дека ги повредил лигаментите на коленото, но нема да оди на операција. Неговото опоравување ќе трае најмалку четири месеци и многумина сметаат дека за него оваа сезона е завршена.
Поради тоа Каталонците имаат план да ја засилат позицијата на стопер во јануари бидејќи и пред повредата на Кристенсен имаа маки во одбраната.
Првата желба на Ханзи Флик е Иниго Мартинез, кого се обидува со сите сили да го врати во клубот по само шест месеци од неговото заминување во Ал Наср.
Иако и Мартинез сака назад во Барселона, изгледа дека нема ништо од тоа бидејќи Саудијците не се согласуваат на раскинување на договорот, а Каталонците немаат пари да го откупат искусниот дефанзивец.
Поради тоа, во последно време се повеќе се зборува дека Барселона е заинтересирана за искусниот Николас Отаменди, кој веќе некое време игра во дресот на Бенфика.
Иако веќе има 37 години, искусниот Аргентинец игра сѐ уште во одлична форма, а во Барселона сметаат дека би бил добра опција во одбраната и дека сигурно не би чинел многу со оглед на тоа дека летово му истекува договорот со Бенфика.
Меѓутоа, кога тренерот на португалскиот тим Жозе Мурињо слушна дека Отаменди би можел да оди во Барселона, одлучи да направи сѐ што може за тоа да не се случи.
Според Мундо Депортиво, Мурињо веднаш стапил во контакт со челниците на клубот за да ги убеди да му понудат продолжување на договорот на Отаменди и на сите можни начини да го избегнат неговото евентуално заминување во Барселона.