
Имално недостасуваше, поточно, желбата на Интер да ја плати клаузулата.
Според информациите од Апенините, откако Фабрегас ги одби, прва идеја на Марота беше Мурињо. Секако, сензационалниот возврат би бил одушевување за навивачите.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Мурињо беше подготвен веднаш да се качи во авион, ќе беше навистина големо враќање, не сакаше ни да зборува за пари, но на пат му застана Фенер. Имено, турскиот клуб се обезбеди, во случај да замине пред истекот на двегодишниот договор, Мурињо би морал да плати астрономска клаузула. Инаку, тој прима шест милиони евра годишно нето во Фенер и беше донесен да ја освои титулата, што оваа сезона не се случи, а во Европа не забележа значителен успех, правеше скандали, но клубот не го отпушти, како што бараше јавноста.
Фенер му предложил да се смири, да го намали егото и дека следната сезона ќе биде императив освојувањето на титулата од Галата.
Во крајна линија, поранешниот Мурињов ученик од времето на Интеровата “Триплета”, Чиву, ја добива шансата по неколку месеци тренирање на Парма на неговото деби во сениорскиот фудбал и шестгодишно искуство во younger категориите на Интер.
Фото: Fenerbahce/X