Дома Фудбал Мурињо го напушта Фенербахче и прифаќа неочекувана понуда!?

Мурињо го напушта Фенербахче и прифаќа неочекувана понуда!?

Жозе Мурињо е тренер на Фенербахче десет месеци, но изгледа дека веќе дојде време за разделба помеѓу него и овој клуб.

Како што се очекуваше, Мурињо нема баш мирен живот во главниот град на Турција, и многу покрај оваа сезона критикува судии за сè што смета дека не е во ред.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во досегашниот дел од тренерската кариера, Мурињо доживеа многу успеси, но како стојат работите, тоа нема да му успее во Фенербахче.

Како стојат работите, можеби некој друг тренер ќе ја заврши сезоната во Фенербахче, затоа што тој е еден главен кандидат за нова работа.

Според пишувањата на бразилскиот „Глобо“, Мурињо е на врвот од листата на четири кандидати за нов селектор на Бразил.

Со него се и Карло Анчелоти, Жорже Жезус и Абел Фереира, и еден од нив ќе стане нов селектор на оваа репрезентација.

Доривал Жуниор неодамна доби отказ на местото на селектор на Бразил по поразот од Аргентина, а натпреварот заврши со 4:1.

Фото: Fenerbahçe/FB

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мусовски е во одлична форма пред дебито за Македонија – погоди за Сиетл! (Видео)

Новото име во македонската фудбалска репрезентација, Дени Мусовски, испраќа силна порака д…