
Патрик Муратоглу, без сомнение најголема тениска ѕвезда на денешницата која никогаш не била врвен играч, вели дека Јаник Синер е сличен на најуспешните асови во историјата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, додека Карлос Алкарас е различен.
„Алкарас е потполно различен од сите“, истакнува тренерот на Наоми Осака, кој порано работел со Серена Вилијамс. Тој има тениска академија недалеку од Ница и често ги коментира најголемите турнири за светските телевизии.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Французинот од грчко потекло потоа ја објаснува својата теза.
„За разлика од Ѓоковиќ и Надал кои го градат поголемиот дел од поените и многу малку грешат, а таков е и Синер, Алкарас повеќе игра за да ја реши ситуацијата со еден удар“, смета Муратоглу.