Дома Македонски спорт Мак ракомет Мукаетов: Ракометарите се пример како треба да се бориме за Македонија

Мукаетов: Ракометарите се пример како треба да се бориме за Македонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетoв, по денешната победа над Катар со 39:34 не го криеше задоволството од прикажаната игра на репрезентативците.

„Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, од пристапот на нашите ракометари, од квалитетот што го прикажуваат на ова Светско првенство. Тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Штета што поради сплет на околности, поддршката од трибините не е како на првите две средби. Тоа што беше до нас го направивме. Заеднички да ги задржиме момците со фокус на натпреварите и тоа што најдобро го знаат да го пружат на теренот“.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


„Јас сум им благодарен и многу среќен што еве се покажува дека оваа репрезентација има квалитет и во иднина да ни приредува радости. Заедно со Кире Лазаров трпевме многу критики последните неколку години, но покажавме дека сме на вистинскиот пат“, изјави Мукаетов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…