Реал Мадрид вечерва игра против Депортива Минера во натпревар од Купот на Кралот, а навивачите веднаш забележаа кој играч го нема на списоците за овој натпревар откако се појавија информации дека тој сака да го напушти кралскиот клуб. Кралскиот клуб пред заминувањето за Саудиска Арабија каде што ќе се игра завршницата на шпанскиот Суперкуп вечерва ќе го има и натпреварот од Купот на Кралот против нисколигашот.
Реал има апсолутна улога на фаворит, и сè освен победа на Кралевите би била вистинска сензација.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Се очекува Карло Анчелоти да ги одмори поголемиот дел од првотимците во вечерниот натпревар за да бидат одморени за Суперкупот каде што Реал ќе биде сигурно со Барселона главен фаворит за освојување на трофејот.
Сигурно е дека вечерва Анчелоти ќе им даде шанса на играчите кои не добија многу време за играње во првиот дел од сезоната и поради тоа многумина се изненадени што на списокот за натпреварот против Депортива не се најде Хесус Ваљехо.
Овој 28-годишен дефанзивец во досегашниот дел од сезоната одигра само еден натпревар и на теренот помина вкупно десет минути и се очекуваше дека Ваљехо вечерва да игра од првата минута.
Сепак, навивачите на Реал беа изненадени кога видоа дека Анчелоти воопшто не го вклучи на списокот на играчи кои конкурираат за овој натпревар, и брзо стана јасно што се случува.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Ваљехо повеќе не сака да биде резерва во Реал затоа што му е јасно дека нема да добива минутажа и решил во јануарскиот преоден рок да го напушти овој клуб што го соопштил на Анчелоти и Флорентино Перез.
Ваљехо признал дека му е цел да го напушти Реал до крајот на јануари и да пронајде клуб каде што ќе игра, но малкумина очекуваа дека поради тоа Анчелоти нема да го покани да конкурира за вечерниот натпревар.