Дома Фудбал Мрачната страна на Барселона: Роналдо откри како клубот ги понижува своите ѕвезди

Мрачната страна на Барселона: Роналдо откри како клубот ги понижува своите ѕвезди

Роналдо Назарио да Лима во Барселона се задржа само една сезона, а по години тишина сега откри како Каталонците ги уништуваат своите ѕвезди и дека има нешто лошо во еден од најголемите светски клубови.

Ламин Јамал стана новата ѕвезда на Барселона. Тој го обнови договорот до 2031 година со висока плата и се верува дека уште многу години ќе биде член на Каталонците.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тоа може да биде добро или лошо, затоа што минатото покажа дека најголемите ѕвезди не ги напуштаат Каталонците во најдобри односи.

Најголемиот од сите, Лионел Меси, замина со солзи бидејќи не можеше да му се продолжи договорот, Самуел Ето’о поради проблеми со Пеп Гвардиола, а нешто слично се случи и со Роналдињо.

По години тишина, темната страна на Барселона ја откри Роналдо Назарио кој како најдобар играч на светот на „Ноу Камп“ се задржа само една сезона.

„Барселона историски гледано има тој проблем со ѕвездите, не знам… сите си заминуваат малку чудно од таму, дури и Меси си замина на лош начин”, рече Роналдо и продолжи:”Во мојот случај, бевме во Норвешка со репрезентацијата, се играше пријателски натпревар. Сезоната не беше завршена, а јас се согласив на продолжување на договорот.”

„Дадов интервју кажувајќи дека го продолживме договорот, го подобривме, а три дена подоцна момците од Барселона ме контактираа и ми рекоа: ‘Нема да го исполниме твојот договор, слободен си да преговараш со кого сакаш, само дојди овде, плати откупна клаузула и тоа е тоа.’

И тоа се случи ниоткаде, само така, откако заврши сезоната“, рече Роналдо кој во сезоната 1997/98 на 49 меча постигнал дури 47 голови за Барселона.

“Кога одам во Барселона, секогаш се однесуваат кон мене многу добро. Навивачите разбираат дека мојата врска со Реал Мадрид е многу подобра, иако секогаш ме потсетуваат дека мојата најдобра сезона беше со нив”, додаде тој.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот сакаше да го принуди Рашфорд да го критикува Јунајтед, но тој покажа дека е господин

Барселона ја финализираше позајмицата на Рашфорд од Манчестер Јунајтед и англискиот напаѓа…