Дома Трансфер зона Moжен егзодус во Баерн, четири ѕвезди не ги продолжуваат договорите?!

Moжен егзодус во Баерн, четири ѕвезди не ги продолжуваат договорите?!

Раководството на Баерн Минхен стравува дека во следните години може да остане без неколку важни фудбалери.

Имено според германските медиуми преговорите за нови даговори на Лерој Сане, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и Џамал Мусиала тапкатаа во место. Германски „Бил“ пишува дека во Баерн има причина за загриженост.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорите на Кимих, Дејвис и Сане имаат важност до јуни 2025 година и во моментов не изгледа дека истите можат да бидат продолжени.

Раководството на Баерн стравува дека тие чекаат примамливи понуди од други клубови. Со цел да избегнат ситуација како со Давид Алаба постои опција да бидат продадени следното лето за да не си заминат бесплатно.

Слична е ситуацијата и со Џамал Мусиала кој има договор до јуни 2026 година, меѓутоа со него имаат поголем простор за договарање нова соработка. Мусиала во последниот период често е споменуван како фудбалер кој може да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…