Дома Македонски спорт MOZZART спознор на Купот на Македонија 2023 во Бодибилдинг и Фитнес

MOZZART спознор на Купот на Македонија 2023 во Бодибилдинг и Фитнес

Лидерот во приредување игри на среќа продолжува со поддршка на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Овојпат, компанијата Mozzart беше спонзор на Купот на Македонија во Бодибилдинг и Фитнес кој се одржа во петокот на 7-ми Април во Арената „Борис Трајковски” во Скопје.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бодибилдинг и фитнес федерацијата и Mozzart за прв пат почнаа да соработуваат во пресрет на Светското првенство во Шпанија, а компанијата ги поддржува во сите натпреварувања.

„Морам да ја изразам мојата благодарност до компанијата Mozzart која ни е голема поддршка изминативе години. Помошта која ја добиваме од оваа општествено одговорна компанија е од големо значење за нас. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму и заедно ќе освоиме уште многу медали и ќе постигнеме големи успеси “,  изјави Претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.

На 22-ри и 23-ти Април во Арената „Борис Трајковски” ќе се одржи Балканско првенство и Херкулес Гранд При, каде Mozzart, повторно ќе се јави како спонзор и уште еднаш ќе даде свој придонес во развојот на овој спорт.

Поддршката на македонскиот спорт, клубови и спортисти продолжува и понатаму.

Mozzart е компанија која е секогаш онаму каде што е најпотребна, подготвена да помогне со цел подобра промоција и развој на спортот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…