„Голема благодарност до компанија Mozzart за донацијата на медицински инвентар. Во време на пандемија секоја помош е добредојдена, бидејќи сите капацитети на здравствените институции во својот домен на работа се ставени во функција на давање здравствени услуги за помош и превенција од ковид 19, а воедно непречено се продолжува со тековните активности за примарна здравствена заштита на граѓаните.“ – изјави директорот на Здравствениот дом Тетово, Борислав Јоргаќиевски.
Во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, компанија Mozzart континуирано организира хуманитарни кампањи со фокус на здравството, а овој пат донираше медицински инвентар наменет за ЈЗУ Здравствен дом Тетово.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со овој медицински инвентар, комплетно ќе се опремат просториите за имунизација против Ковид-19, како и дел од просториите на итната медицинска помош.
Од ЈЗУ Здравствен Дом Тетово се заблагодарија на донацијата која им е од огромно значење и велат дека помошта пристигнала токму навреме, за да ја опремат службата за имунизација против коронавирусот.
„Во името на Здравствениот дом Тетово, сакам да изразам благодарност до компанија Mozzart за донацијата на медицински инвентар за потребите на службите за имунизација и итната медицинска помош во здравствениот дом Тетово. Во време на пандемија секоја помош е добредојдена бидејќи сите капацитети на здравствените институции во својот домен на работа се ставени во функција на давање здравствени услуги за помош и превенција од ковид 19, а воедно непречено се продолжува со тековните активности за примарна здравствена заштита на граѓаните.“ – изјави директорот на Здравствениот дом Тетово, Борислав Јоргаќиевски.
Од компанија Mozzart велат дека преку различни и бројни акции континуирано го поддржуваат здравствениот систем, a во последнава година на многу адреси пристигнати се донации во вид на финансии или материјални добра.
„Поддршка на здравствените работници и здравствениот систем е потребна повеќе од било кога, а компанија Mozzart акцент во општествено одговорната работа последнава година дава токму таму во борбата против коронавирусот, поддржувајќи ги здравствените работници кои во овие вонредни околности вложуваат надчовечки напори. Овој пат го посетивме Здравствениот дом Тетово кој што започнува со имунизација на населението. Продожуваме и понатаму со нови хуманитарни акции кои ќе се реализираат во наредниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, болнички кревети за интензивна нега, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.