Дома Фудбал Мота за ситуацијата на Влаховиќ: Не е среќен…

Мота за ситуацијата на Влаховиќ: Не е среќен…

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, зборуваше за ситуацијата на Душан Влаховиќ во италијанскиот клуб.

Новата напаѓачка ѕвезда на Јувентус, Рендал Коло Муани, постигна два гола за Јувентус во победата против Комо во гостинскиот триумф со 2:1 во првиот натпревар од 24-тото коло на Серија А.

Влаховиќ целосно го проследи натпреварот од клупата, а за тоа зборуваше тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, за италијанските медиуми.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


“Денеска не учествуваше, во претходниот натпревар влезе и придонесе со гол… Денеска беше првиот што истрча кон Коло Муани кога даде гол на крајот. Секогаш тренира многу добро и сигурно дека, како и Даглас, Кефрен и Франсиско, кои беа на клупата, не е среќен што не играше, но тие знаат дека единствениот начин е да продолжат да работат и кога ќе им се укаже шанса, да го дадат најдоброто од себе. Најважно е тимот да функционира”, рече Мота по натпреварот.


“Има простор за сите. Душан му помагаше на тимот досега и беше многу важен играч, бидејќи и кога не беше во оптимална состојба на некои натпревари, по потреба, тој играше, и тоа со фантастичен став. Важен е играч, како и сите останати. Тие знаат дека можат да направат разлика и започнувајќи од почетокот и влегувајќи од клупата, секогаш за доброто на тимот. Досега многу му помагаше на тимот и убеден сум дека така ќе биде и во продолжението од сезоната, бидејќи секогаш е посветен и тренира многу добро.”, вели тренерот на старата дама.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе се бори против Челси и Манчестер јунајтед за ѕвезда на Дортмунд

Ливерпул е подготвен да им се спротивстави на ривалите Челси и Манчестер јунајтед за потпи…