
За првпат во историјата на германскиот професионален фудбал, жена ја презема водечката позиција во еден клуб. Според информациите на BILD, Швајцарката Татјана Хаени (59) е новата главна директорка (CEO) на РБ Лајпциг, екипата која заврши на второто место во лигата и е најголем конкурент на Бајерн.
Се ова е дел од големото реструктурирање кое го превзема клубот под раководство на претседателот на Надзорниот одбор, Оливер Минцлаф (50). Минцлаф, кој сам ја извршуваше оваа функција до ноември 2022 година, три години бараше идеална личност за водечката позиција. Потрагата го однесе до САД, каде што ја најде искусната швајцарска менаџерка.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Иако на многумина навивачи нејзиното име можеби не им е веднаш познато, Татјана Хаени во фудбалските кругови е високо ценета, известува Билд. Беше професионална фудбалерка со 23 натпревари во репрезентацијата на Швајцарија, а по завршувањето на кариерата стана првата личност во УЕФА задолжена исклучиво за развојот на женскиот фудбал.
Нејзината кариера вклучува 18 години како раководителка на одделот за женски фудбал во ФИФА, како и двегодишен мандат како директорка за женскиот фудбал во Швајцарската фудбалска федерација. Во Лајпциг пристигнува од позицијата спортска директорка на американската професионална женска лига (NWSL), која ја извршуваше од јануари 2023 година.
Минцлаф го објави ова решение официјално минатата среда на состанок со сите вработени во клубот. Иако беше генерално задоволен со досегашниот развој, сметаше дека за наредниот чекор се потребни дополнително искуство и авторитет на повозрасната генерација, кои Хаени ги носи со себе. Според BILD, таа ќе ја преземе новата функција на 1 јануари 2026 година.
Истовремено, постоечкото раководство на клубот беше зајакнато. Јохан Пленге (40) беше промовиран на позицијата заменик-главен директор. Хаени, која е позната како тимска играчка, ќе има за задача да се интегрира во постојната структура и да го поведе клубот кон нови успеси.
Целта е заедничка и јасна: по разочарувачкото седмо место минатата сезона, РБ Лајпциг сака повторно да се натпреварува за трофеи и да се врати во нокаут фазата на Лигата на шампионите, заклучува Билд.