Дома Македонски спорт Mojсовски: Дејан донесе сребро вредно како злато!

Mojсовски: Дејан донесе сребро вредно како злато!

Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски денес го прими освојувачот на сребро од Олимписките игри, Дејан Георгиевски, заедно со неговиот тим.

Мојсовски истакна дека успехот на Георгиевски треба да не прави сите горди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Посебно ми е драго што тука е Дејан Георгиевски кој во Скопје донесе сребро од Токио. Сребро, вредно како злато. Дејан, беше истраен и храбар со почит кон противниците, во само неколку часа победи неколкукратни шампиони. Чести ми е што Македонија имаше спортска делегација која даде се од себе. Во оваа прилика сакам да ги поздравам сите наши претставници во Токио и да им посакам успех и во понатамошните кариери. Спортот конечно добива место и внимание“, изјави Мојсовски.

Главниот пречек на Георгиевски ќе биде вечерва на скопскиот плоштад од 19:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…