Дома Фудбал Модриќ добива богата понуда од Катар

Модриќ добива богата понуда од Катар

Според информациите на „Марка“, во Мадрид пристигнале претставници на клуб од Катар, кој сеуште не е именуван, за да преговараат со Лука Модриќ.

Лука Модриќ, кој наскоро ќе го прослави својот 40-ти роденден, е свесен дека крајот на неговата фудбалска патека се приближува. И покрај овој факт, тој има желба кариерата да ја заклучи во редовите на мадридскиот гигант и во претстојната сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Но, изгледа дека претседателот Флорентино Перез има различни планови. До овој момент нема најава за обновување на договорот на Модриќ, кој истекува по завршувањето на оваа сезона.

Се појавува можност Модриќ да се приклучи на некој клуб на Блискиот Исток, каде што му се нудат значителни финансиски услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски во Лигата на шампионите направи нешто што никој претходно не направил

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој, играјќ…