
Лука Модриќ уште еднаш блесна за Милан. Капитенот на Хрватска обезбеди победа за Росонерите со гол во 85-та минута на натпреварот против Пиза, во рамките на 25-то коло на италијанската Серија А. Мечот заврши со резултат 2:1 во корист на Милан, а голот на Модриќ беше клучен за освојување на важните три бода за неговиот тим.
Модриќ го постигна овој гол на возраст од 40 години, пет месеци и четири дена, што го направи трет најстар стрелец во историјата на Серија А. За капитенот на Хрватска, ова е втор гол оваа сезона во Серија А, претходниот го постигна во септември, кога беше шести на листата на најстари стрелци. Со последниот погодок, Модриќ ги надмина Пјетро Вирчовод, Фабио Квалијарела и Силвио Пиола.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Двајцата што се постари од Модриќ, и кои исто така играа за Милан, се Златан Ибрахимовиќ и Алесандро Костакурта. Ибрахимовиќ последниот гол во Серија А го постигна на возраст од 41 година, пет месеци и 15 дена, а Костакурта на 41 година и 25 дена. Тоа значи дека Модриќ нема шанси оваа сезона да ги надмине.
