
Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе добие ново руво ова лето, бидејќи пријателите Игли Таре и Масимилијано Алегри ќе направат сè за максимално да го засилат тимот во сезоната без учество на меѓународната сцена.
Непопуларната околност е дека „росонерите“ првпат по шест години нема да играат во Европа не звучи нималку пријатно за навивачите на седумкратниот европски шампион, но токму во следната сезона Таре и Алегри можат да направат тим кој би го вратил поранешниот великан на патеките на старата слава во наредниот период.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Првата голема работа е направена – договорено е доаѓањето на хрватскиот ветеран Лука Модриќ, кој треба на почетокот на неделата да стави потпис на едногодишен договор и извесно е дека ќе стане новиот лидер на „росонерите” во средината на теренот.
Со оглед на тоа што за нешто повеќе од три месеци ќе наполни четириесет години, јасно е дека доаѓањето на Модриќ на “Сан Сиро” не го гледаат сите благонаклонето, а првиот остар коментар го даде познатиот тренер на Милан Ариго Саки.
Двократниот европски шампион со Милан и творец на познатиот тим од крајот на осумдесетите години во колумна за “Газета спорт” се запраша дали доведувањето на Модриќ е исправен потег со оглед на годините на Лука и релативно споредната улога што ја имаше во Реал последните две сезони.
Италијанецот мислеше на тоа дека минутажата на Модриќ беше ограничена во кралскиот клуб, па се поставува прашањето каква би имал во Милан.
„Дебатата е отворена, а изборот веќе сега е бизарен. Практиката е клубот да се одлучува за млади играчи, така би требало, за да изградите тим кој ќе ја врати насмевката на лицето на разочараната публика. Обидов да се ставам во улога на спортски директор и тренер и да ги анализирам причините за нивната одлука за Модриќ. Од економски аспект има смисла бидејќи доаѓа како слободен играч, но луѓе – како можете да изберете 40-годишник?!”, се запраша Саки во колумната за најпознатиот спортски лист во Италија.
Некогашниот тренер посочи уверување дека многу навивачи не се одушевени од изборот на Модриќ, иако квалитетите на Хрватот никој не ги спори.
Фото: Принтскрин