Дома Фудбал Модриќ ќе остане во Реал под еден услов

Модриќ ќе остане во Реал под еден услов

Лука Модриќ полета со тимот на Реал во Соединетите Американски Држави каде ќе играат на Светското клупско првенство.

Хрватот ова ќе му биде проштална со Реал. Легендата на Реал таму ќе се обиде да го освои 29. трофеј со клубот во кој дојде во 2012 година. Од тогаш одигра 591 натпревар за Реал и стана негов великан.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


По завршувањето на тоа натпреварување, Модриќ ќе премине во Милан, со кој веќе се е договорено.

Сепак, како што пишува Defensa Central, портал кој го следи Реал, постои можност Лука да остане во Реал под еден услов за кој се надеваме дека нема да се случи:

„Можно е Модриќ да остане уште една сезона во Реал, бидејќи клубот не ја исклучува можноста да му понуди нов договор ако претрпи сериозна повреда за време на Светското клупско првенство“.

Модриќ сè уште нема потпишано за Милан, а договорот со Реал сè уште важи. Во клубот ја ценат неговата доработка за Реал. Така, на големи симпатии наиде потегот на Модриќ кога на почетокот од неделата одби да оди на веќе закажаниот лекарски преглед пред преминувањето во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јуве, Милан и Наполи заинтересирани за белгиски репрезентативец

Јувентус, Милан и Наполи се заинтересирани за Лоис Опенда, кој сака да го напушти РБ Лајпц…