Дома Фудбал Модриќ ја запозна мрачната страна на Алегри

Модриќ ја запозна мрачната страна на Алегри

Масимилијано Алегри никогаш не бил тренер кој сака да им се додвори на играчите. Кај него нема попуштање, нема “полесни денови” и нема привилегии, без разлика на името, статусот или цената на пазарот. Алегри останува тренер од старата школа: строг, бара многу и е бескомпромисен, што често на играчите не им одговара.

Италијанецот никогаш не го криеше фактот дека дисциплината му е поважна од талентот. „Подобро е да имаш просечен играч кој слуша, отколку одличен кој мисли дека е над тимот“, порака која ја пренесува низ целата своја кариера. Во Јувентус ова особено си го покажа своето: ѕвездите мораа да работат исто како и резервистите, а секое намалување на концентрацијата брзо беше казнето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Импресијата е дека Алегри ги освојувал своите трофеи токму преку тоа што имал ‘воиноци’ во тимот и што ги третирал своите фудбалери како војници. Таков е Лука Модриќ во целата своја кариера, но многу други не се такви.

Меѓутоа, она што на Модриќ можеби не му одговара се токму потезите кои тврдоглавиот Алегри понекогаш ги повлекува. Сега одлучи Лука Модриќ да биде на клупата за вечерашното дерби со Наполи во Суперкупот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почната постапка за ликвидација на англиски клуб стар 154 години (Фото)

Фудбалскиот клуб Рединг се соочува со налог за ликвидација што го покрена поранешниот дире…