Дома Фудбал Модриќ го советува Перез: Доведи го него!

Модриќ го советува Перез: Доведи го него!

Лука Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид, а неговиот последен настап за „кралскиот“ клуб ќе биде на Светското клупско првенство што ќе се одржи во САД. 

Пред патувањето во Америка, Модриќ имал краток разговор со претседателот на клубот, Флорентино Перез, а според шпанскиот медиум „Дефенса Централ“, на тој состанок му дал и конкретен предлог за тоа кој би можел да го наследи. 

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Тој е најдоброто засилување за средниот ред, претседателе“, му рекол Модриќ на Перез, мислејќи на Витиња, португалскиот репрезентативец кој оваа сезона во дресот на ПСЖ прикажа значителен напредок и стана клучен играч во тимот на Луис Енрике.

Клубот веќе ги донесе Дин Хујсен и Трент Александер-Арнолд во одбраната, како и Франко Мастантуоно за офанзивата, а потрагата по нови засилувања во средниот ред продолжува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Немаше спиење за фудбалерите на Ливерпул: Ултрасите на Галатасарај направија хаос среде ноќ (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул се соочија со непријатно искуство во Истанбул како вовед во вечера…