Дома Фудбал Модриќ може да го напушти Реал и да остане во Ла Лига: Хрватот веќе добил понуда!

Модриќ може да го напушти Реал и да остане во Ла Лига: Хрватот веќе добил понуда!

На Лука Модриќ (39) на крајот од сезоната му истекува договорот со Реал Мадрид. Хрватскиот играч за врска оваа сезона има 44 настапи, четири гола и седум асистенции. Во септември ќе наполни 40 години, а веќе има срушено многубројни рекорди поврзани со играње на негови години. Повеќепати изјави дека сака да остане уште една сезона и кариерата да ја заврши во мадридскиот клуб, каде што пристигна во 2012 година и со него освои рекордни 28 трофеи.

Сепак, сè уште нема потврда дали Реал ќе му понуди нов договор. Defensa Central, шпански портал специјализиран за случувањата во Реал, пишува дека Вилјареал е заинтересиран за хрватскиот играч за врска доколку не ја продолжи соработката. Во текстот со наслов “Модриќ има голема понуда од Ла Лига ако не остане во Реал” пишуваат дека Вилјареал би му понудил “значителна минутажа за да биде во врвна форма за Светското првенство 2026 година”.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


“Во клубот веруваат дека Модриќ и понатаму може да игра на високо ниво, особено ако внимателно се распредели неговата минутажа. Покрај тоа, свесни се и за неговиот маркетиншки потенцијал. Засега Модриќ не ја разгледува таа опција.

Неговата желба е јасна – да остане во Реал и, ако е можно, таму да ја заврши кариерата. Договорот му трае до 30 јуни оваа година, а засега нема разговори за продолжување. Но, како што самиот рече неодамна, нема брзање бидејќи односите помеѓу него и клубот се одлични и многу блиски”, наведува Defensa Central.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе им ги расипе сметките на клубовите од Премиер лигата.

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…