
Ѓоковиќ не сака во пензија: Тешко ми е да освојувам титули, но тоа не значи дека се откажувам
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) во интервју за Business Travel USA истакна дека верува во враќањето на врвот каде што и е навикнат да биде, освојувајќи титули кои му го донеле статусот на најдобар на светот.
Сепак, ни Ѓоковиќ не може да го запре биолошкиот часовник кој чука во секој од нас, иако со години наназад работел напорно и внимавал на својата физичка состојба.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
“Поголемиот дел од животот го поминав играјќи тенис и тоа уште од моето најрано детство. Вложив во спортот цела моја ментална, физичка и емоционална сила и, морам да признаам, тоа се исплати. Во моментот ми е предизвикувачки да играм на нивото на кое бев на врвот. Меѓутоа, тоа не значи дека никогаш повеќе нема да бидам на тоа ниво”, рече Ѓоковиќ, кој изобилува со оптимизам.
Прилика за 25. Гренд Слем ќе има од 25 мај до 8 јуни кога ќе се игра Ролан Гарос.
“Тенисот е спорт во кој ви треба победнички менталитет. Никогаш не смеете да бидете задоволни бидејќи кога ќе бидете, тогаш треба да го оставите рекетот настрана. Сепак… Не се чувствувам како да ми е доста”, порача Ѓоковиќ.
Да потсетиме, Ѓоковиќ е без АТП титула уште од 2023 година, моментално е петти тенисер на светот и многумина сметаат дека можеби до крајот на кариерата нема да освои 25. Гренд Слем титула.
🎾 Cover Reveal – Новак Ѓоковиќ 🎾
— Business Traveler (@BizTraveler_USA) May 1, 2025
Тениската легенда @DjokerNole го освои спортот, зацврстувајќи се како еден од најголемите спортисти на сите времиња. Во ексклузивно интервју со Business Traveler USA, ги споделува своите активности надвор од теренот.https://t.co/mLXD3YfbSp pic.twitter.com/mgBgnzqPH1
Фото: Novak Djokovic/FB