Дома Фудбал Младите фудбалерки поразени д БиХ

Младите фудбалерки поразени д БиХ

Женската репрезентација на Македонија до 19 година беше поразена со 4:2 од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во рамките на првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Во 19. минута Уна Ранкиќ погоди за предност на Босна и Херцеговина. Нина Гарибија во 33. минута ја зголеми предноста. Две минути подоцна Таснем Џинџаревиќ погоди за убедливи 3:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во продолжението од натпреварот, Јована Павловска во 64. минута погоди за намалување на предноста, но Јована Лана Новаковиќ веќе во следната минута го постигна четвртиот погодок за Босна и Херцеговина. Јована Павловска во 78. минута го постигна вториот погодок на денешната средба за конечни 4:2.

Македонија: Ведрана Комненова, Емилија Блажевска, Слаѓана Ѓоргиева, Јована Павловска, Јехона Велиу, Ива Јосифова, Михаела Додевска, Васка Василева, Ева Конева, Кристина Крстева, Мелиса Димитриоски;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах го трча последниот круг со Ливерпул

Последната сезона на Мохамед Салах во дресот на Ливерпул влегува во клучен период, а негов…