Дома Фудбал Младите фудбалерки до 19 години ќе одиграат квалификациски турнир во Хрватска

Младите фудбалерки до 19 години ќе одиграат квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство.

Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска. Во групата Б5, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, се наоѓаат и репрезентациите на Ерменија и Литванија.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Во првото коло, кое на програмата е на 1. април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Лучко, со почеток во 16:30 часот.

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за претстојниот квалификациски циклус се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова – Скопје

Дијана Алуши – Ас Јунајтед

ОДБРАНА:

Катерина Петкова – Истатов

Михаела Додевска – Скопје

Слаѓана Ѓоргиева – Тиверија Брера

Ива Јовановска – Љуботен

Стефанија Веселинова – Каменица Саса

Васка Василева – Каменица Саса

Ана Боризоска – Скопје

СРЕДЕН РЕД:

Ева Конева – Малта

Ива Јосифова – Тиверија Брера

Јехона Велиу – Швајцарија

Сара Дика – Ас Јунајтед

Едина Мехмети – Швајцарија

Кристина Крстева – Скопје

НАПАД:

Сара Димитриоски – Атлетико

Емили Митковска – Речица

Анастасија Илиевска – Топ Гол

Мелиса Димитриоски – Атлетико

Елена Симјонова – Љуботен

Собирот на женската репрезентација на Македонија до 19 години на програмата е на 28. март, во хотел Парк, со почеток во 12. часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе со една изјава ги освои срцата на навивачите на Реал Мадрид

Килијан Мбапе никогаш не криел дека е голем навивач на Реал Мадрид, а оваа изјава ќе го на…